Неверојатниот потег или „кунг фу“ одбраната на голманот на Еурофарм Работник, Никола Митревски е избрана на лидерското место меѓу петте најдобри одбрани на третото коло во групната фаза од ракометната Лига на шампионите.
Митревски имаше одлично издание со вкупно 13 одбрани, кои сепак не беа доволни за неговиот Работник конечно да ја забележи првата победа во елитното натпреварување. Битолскиот состав загуби со 26-25 од Бидасоа Ирун и веќе има три негативни по три кола. Митревски не само вечера, тој во континуитет покажува одлични изданија на голот на Работник.
Во изборот кој го прави ЕХФ, Митревски го победи дури и Марин Шего кој беше одличен во победата на Монпелје над Веспрем. Изборот на ЕХФ како и најдобрата одбрана на Митревски погледенте ги во продолжение на овој линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА