Никола Митревски со нова функција во репрезентацијата

Никола Митревски брани извонредно во дресот на Порто и на македонската репрезентација сезонава, но искусниот чувар на мрежата во наредните денови ќе има нова улога во националниот тим – како тренер на голманите на „црвено-жолтите“.

Селекторот Кире Лазаров денеска го одржа првиот собир на подмладениот состав на македонската репрезентација, со играчи од домашното првенство кои на двомеч против Србија во Ниш ќе имаат можност да се докажат и наметнат за добивање на позначајна улога на ЕП 2022.

На списокот на голмани го нема Митревски, но асот на Порто сепак е дел од репрезентативниот собир како тренер на чуварите на мрежата. Несомнено е дека советите на битолчанецот ќе бидат од помош на Марко Кизиќ, Даниел Ѓорѓески и Андреј Петковски, кои ќе го чуваат голот на Македонија во Ниш.

Се вчитува...