Никола Митревски во Топ 5 одбрани на денот (видео)

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се најде на топ-листата од пет најдобри одбрани на вчерашните натпревари од ЕП 2022.

Одлично одбранетиот зицер пред крајот на првото полувреме му го донесе на Митревски четвртото место на листата на која доминираат екс-ју голмани, па така на неа се наоѓаат и Србинот Цупара, Хрватот Шуњиќ, како и голманот на БиХ, Буриќ.

Првото место е резервирано за норвешкиот чувар на мрежата, Кристијан Саверас, за запрениот контранапад на Русија на синоќешниот дуел во Братислава.

Се вчитува...