Никола Митревски во топ 5 одбрани на колото во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен голман, Никола Митревски се најде во топ 5 одбрани на последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Во крајно емотивниот натпревар против Елверум, кој беше прв за португалскиот шампион по загубата на Квинтана, нашиот голман одигра одлично и беше еден од најзаслужните за победата на Порто.

Митревски одлично го спречи ударот на десното крило на норвешкиот шампион и со тоа доби место во топ 5 одбраните на колото.

Најдобрите одбрани од последната рунда во Лигата на шампионите можете да ги погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...