Никола Силаџи е нов кошаркар на КК Гостивар

Гостивар продолжува со состанување на тимот кој следната сезона ќе атакува на висок пласман во домашното првенство. По продолжување на соработката со неколку кошаркари од претходната сезона, сега Јончевски се насочи и кон странците, а првиот кој ќе го облече „сино-белиот“ дрес е Никола Силаџи.

Српскиот интернационалец претходната сезона бележеше одлични настапи за Кожув во регуларниот дел од првенството по што замина во редовите на Пелистер за плејофот, меѓутоа не успеа да се наметне во редовите на „зелено-белите“.

Се вчитува...