Поранешниот младински репрезентативец Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје и се враќа во добро позната средина, во која веќе настапуваше во минатото.
Станува збор за 23-годишен бек, висок 190 сантиметри, кој зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно настапуваше за ТФТ и за босанскиот Промо. Пред пет години беше дел и од нашиот втор тим – МЗТ Скопје Уни Банка.
„Со враќањето на Никола продолжуваме да го градиме тимот со квалитетни македонски кошаркари, кои добро го познаваат клупскиот систем и знаат што значи да се носи сино-белиот дрес“, стои во објавата на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
