Драган Николиќ од денеска и официјално е нов тренер на МЗТ Скопје каде го наследи местото на Александар Петровиќ. Тоа воедно претставува и камбек на српскиот стратег во Скопје каде во минатото како предводник на Карпош Соколи се обиде да ја запре доминацијата токму на неговиот сегашен клуб.
Обидот беше во сезоната 2016/17 која ќе остане забележа како единствена досега со два македонски претставници во АБА лигата, а квалитетот на скопските состави донесе и суперинтерсна финална серија која заврши со „мајсторка“. Популарниот Гаги беше на прагот да го сопре МЗТ Скопје, но на неговиот пат застана Ѓорѓе Дреновац.
Сонардоникот на Николиќ на минута пред крајот на средбата ги постигна клучните поени за „сино-белите“ и тоа на фантастичен начин, со ролинг за три поени, предност која аеродромци ја задржаа до крајот на средбата.
View this post on Instagram
Николиќ ланската сезона настапи на истото место и со Борац Бања Лука во полуфиналето од АБА2 лигата, а и тогаш не успеа да замине од Аеродром со кренати раце, но сега може да стане икона на тимот доколку ја најде потребната формула за рехабилитација која ќе донесе опстанок на елитната регионална сцена, но и секако доколку ја продолжи доминацијата која еднаш се обиде да ја запре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА