Тренерот на Партизан, Мирослав Мута Николиќ, ги посочи почетничките грешки во одбраната на својот тим како главна причина за денешниот пораз во Скопје.
„МЗТ Скопје е тим со квалитетни и искусни кошаркари, но според мене ќе остане на средината на табелата. Тоа е тим што ќе има проблеми со одбраната, какви што впрочем имаме и ние. Сигурно нема да стравува за опстанок, но и исто така е предалеку од врвот, за кој ќе се издвојат неколку екипи. Што се однесува до натпреварот, триумфот на домаќините е заслужен поради глупостите што ги правевме ние во одбраната, поразот беше неизбежен. Имаме многу работа и допрва ќе се воигруваме, но факт е дека овие грешки мораме да ги сведеме на минимум“ – истакна стратегот на Партизан на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА