Николиќ пред Црвена Звезда: МЗТ ќе игра против најсилниот можен противник, уште и со Кампацо во тимот

Стратегот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ е преполн со респект за Црвена Звезда во пресрет на утрешниот дуел од АБА-лигата (17 часот, сала „Јане Сандански“).

„Металците“ се фенерџии на табелата во пресрет на мечот со актуелниот првак, на кој новиот тренер (го водеше тимот само во минималниот пораз од Цибона) oчекува неговиот тим да покаже карактер.

„Би сакал пред се на сите да им ги честитам новогодишните и божиќните празници, со желба за среќа и здравје. Играме против најсилниот можен противник, најголемиот фаворит за титулата во АБА, кој има реални шанси и за пласман во плејофот во Евролигата. Црвена Звезда има широк ростер, има одличен тренер кој прави чуда и без многу играчи кои се повредени, за што потврда е вчерашниот триумф во Валенсија. Згора на тоа, белградскиот тим против нас ќе биде посилен и за фантастичниот Кампацо, што уште повеќе ќе им ја зголеми ионака огромната фаворитска улога. Сепак, ова не значи дека МЗТ однапред ќе се предаде. Нашата цел останува опстанокот во АБА, поради што ќе мораме на скеој меч да го дадеме максимумот, без разлика на силината на противникот. Се надвам дека наивачите ќе дојдат во голем број и ќе ни ја дадат потребната поддршка од трибините, каде очекувам спектакл“, изјави Николиќ во пресрет на утрешниот натпревар.

Се вчитува...