Николиќ: Работнички секогаш е мотив, пресуди нашата одбрана

Петар Николиќ по четирите сезони минати во Работнички летово се пресели во Блокотехна, по што борбениот бек блесна токму во пресметката со својот поранешен клуб.

„Ние сме секогаш максимално мотивирани, а дуелот со Работнички секогаш носи и мотив повеќе за секој кошаркар. За мене лично сигурно желбата за победа беше уште поголема бидејќи минав четири прекрасни години. Одигравме одличен натпревар, целосно ги исполнивме задачите дадени од тренерот и заслужено се радуваме на крајот. Пресуди нашата одбрана, го задржавме Работнички на само 61 поен, што не е мала работа“ – истакна Николиќ по натпеварот.

Се вчитува...