Николоски: И јас сум изненаден што токму сега ме назначија за тренер

Раководството на прилепска Победа поради слабите резултати на екипата на последните натпревари вчера го разреши од функцијата прв тренер на сениорскиот тим Тони Мегленски, а за нов стратег на тимот го назначи актуелниот спортски директор, Јане Николоски.

На Николоски, до крајот на есенскиот дел, во работата ќе му помага поранешниот играч, капитен и тренер на Победа, Николче Здравески.

„И за мене беше малку изненадувачки во овој период. Сигурно дека не баш е најдобар тајмингот, меѓутоа јас сум во клубот и треба да одговорам на секоја задача која Бордот на директори ќе ми ја додели. Овојпат се одлучија јас во овие два натпревари да ја водам екипата. Ниту Јане Николоски, ниту било кој тренер, не е маѓионичар, па ќе дојде и сето тргнува како подмачкано. Мое е што можам да ветам дека ќе пробаме оние добри работи кои Победа ги имаше во изминатиот дел на сезоната да ги задржеме и ако можеме малку да ги подобриме,  а она што беше помалку добро ако можеме да го исправиме и да го подобриме и да се надеваме дека следниве два натпревари ќе оствариме добри резултати. Дека в недела ќе ја совладаме Македонија ЃП и ќе ја избегнеме црвената зона каде што се наоѓаме сега и дека како спас на сезоната ќе ни дојде реванш мечот од купот со Шкендија, кој се надевам дека нема да го загубиме и дека ќе се пласираме во полуфиналето кое за нас ќе биде огромен мотив и голем успех. Што ќе биде после овие два меча незнам. Тоа е веќе одлука на Бордот на директори, дали ќе се бара и кој ќе биде следен тренер на ФК Победа. Мене ми е доверена задача за следните два натпревари кои не се во многу добар момент затоа што имаме два значајни исклучително краток временски период. Не е алиби, дека ако не се направи успех јас немав време. Јас ќе пробам она што можам да го направам, она што го имам како фудбалско знаење да го пренесам на играчите, она што е моја фудбалска филозофија на игра во овој краток период да им го наметнам за да направиме добар резултат на крајот на полусезоната“ – истакна Николоски по преземањето на тренерската палка.

Утре во рамките на последното 18-то есенско коло од првенството Победа во Кичево (13 часот) ќе ја пречека Македонија ЃП. А, во среда на 5. декември во реванш мечот од четвртфиналето од Купот на Македонија ќе биде домаќин на Шкендија, со предност од 1-0 од првиот натпревар.

Се вчитува...