Николов: Чекам Пандев да ме земе во Џенова, ја одбив Романија пред да играм за Македонија

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов синоќа беше дел од продолжението од серијалот разговори на Илија Несторовски со своите соиграчи од репрезентацијата, откривајќи дека двапати ја одбил Романија само за да игра во националниот дрес на Македонија.

„Со оглед на тоа што од најрани фудбалски години бев дел од Академијата на Хаџи, двапати добив понуди да настапувам за репрезентацијата на Романија. Но, воопшто не размислував затоа што знаев дека единствената моја желба е македонскиот дрес“ – истакна Николов на едно од прашањата, одговорајќи и околу можноста за трансфер од унгарски Мол Види каде во моментов настапува.

„Чекам Пандев да заврши работа за Џенова. Нема кој да му асистира“ – низ смеа прокоментира Николов, дополнувајќи дека веќе почнал да учи и италијански јазик.

Се вчитува...