Николов добар домаќин – поддршка за Андонова пред финалето од ЛШ

Наташа Андонова со експедицијата на Барселона пристигна во Будимпешта, каде најдобрата македонска фудбалерка утре ќе се обиде да стигне до титулата во Лигата на шампионите, во финалната пресметка против францускиот гигант Лион.

Актуелниот македонски репрезентативец, Бобан Николов, кој настапува за Унгарија за тимот на Видеотон, се покажа како добар домаќин, па веднаш издвои дел од слободното време за кафе-муабет со Андонова.

Тој ќе биде на трибините на утрешното финале, со поддршка за Македонката во обидот да стигне до најголемата титула во европскиот фудбал.

Се вчитува...