Николов: Добивме навреди кои не болат, се чувствуваме како во пеколот…

Фудбалерот од средниот ред Бобан Николов не можеше да го сокрие огромното разочарување по дебаклот кој Македонија го доживеа од Австрија во квалификациите за ЕП 2020.

Македонската селекција неочекувано потфрли доживувајќи убедлив пораз од 1-4 на домашен терен.

„Не одигравме на посакуваното ниво, и тоа ни е на сите јасно. Загубивме но и добивме бројни навреди кои навистина не болат. Сега се чувствуваме како во пеколот а треба да одиме на одмор пред новата сезона“ – рече Николов и дополни:

„Во секој случај треба добро да се замислиме и во иднина да корегираме недостатоците во играта до крајот на овие квалификации“.

Се вчитува...