Николов двоен стрелец за Мол Види за следна рунда во Купот на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов со два гола партиципираше во триумфот на Мол Фехервар во Купот на Унгарија.

Мол Види на гостински терен славеше со 2-4 против Егер. Николов погоди најпрво во 78. минута за водство од 1-3, а потоа во 89. минута ги постави конечните 2-4 за потврда на пласманот на неговиот тим во следната рунда во ова натпреварување.

Се вчитува...