Николов го освои Купот на Унгарија со Мол Види

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов го освои Купот на Унгарија откако во финалниот натпревар неговиот Мол Види славеше против Хонвед со 2-1.

Николов одигра одлични 90 минути во финалето за својот тим кој до триумфот дојде во драматична завршница со пресврт во последните десет минути. Хонвед поведе во првото полувреме со голот на Холендер, а Шчеповиќ во 80. минута израмни на 1-1 за Мол Види додека Хаџиќ со гол во 91. минута го донесе посакуваниот трофеј.

Мол Види шампионатот во Унгарија го заврши на втората позиција, па престојново лето ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...