Николов го реши Лудогорец, на ред е „стариот пациент“ Малме

Бобан Николов лани со Вардар испишуваше историја во европските натпреварувања, а сега македонскиот репрезентативец продолжува во ист стил и со тимот на Мол Види. Актуелниот првак на Унгарија приреди големо изненадување откако во квалификациите за ЛШ го елиминираше Лудогорец.

По ремито од 0-0 на првиот меч во Бугарија, тимот на Николов денеска славеше со 1-0 со голот на Хаџиќ во 45. минута.

Следен противник на Мол Види ќе биде шведскиот шампион Малме, „стар пациент“ на нашиот интернационалец, кој беше во главна улога при ланската елиминација на Малме во квалификациите за ЛШ.

Се вчитува...