Николов: Ѓоргиев беше тој кој не однесе до оваа победа

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Нескриено е задоволството во редовите на македонската репрезентација по првата историска победа на Европско првенство…

„Ова е голема победа за нас. Дојдовме како аутсајдери а на нашиот деби настап на собирот на најдобрите на Стариот континент дојдовме веднаш до триумф. Мора да кажам дека Никола Ѓоргиев беше тој кој не однесе до победата. На неговите крилја сите одигравме заедно и стигнавме до овој триумф“ – истакна Николов веднаш по триумфот на Белорусија од 3-1.

Се вчитува...