Николов и Адеми на чекор до ЛШ, Елмас ќе игра во Лигата на Европа

Бобан Николов и Аријан Адеми се наоѓаат на чекор од групната фаза во Лигата на шампионите, откако денеска со своите екипи ја минаа и третата квалификациска рунда.

Николов со Види Мол одигра 0-0 на домашен терен против Малме, но унгарскиот првак оди понатаму благодарение на голот постигнат на првиот меч во Шведска (1-1)

Адеми и Динамо Загреб вечерва на „Максимир“ само си ја потврдија надмоќта во однос на Астана, славејќи со 1-0 по оние 0-2 на првиот меч во Казахстан.

Елиф Елмас нема да им се приклучи на репрезентативните колеги во плејофот за влез во ЛШ откако Фенербахче вечерва беше елиминиран од Бенфика, по ремито од 1-1 во Истанбул и минималниот пораз од 1-0 во Португалија. Младиот Македонец беше меѓу најдобрите во таборот на Фенер, но примениот гол во првото полувреме скапо го чинеше турскиот вицепрвак во овој двомеч. Елмас и Фенербахче својот настап во Европа го продолжуваат директно во групната фаза од Лигата на Европа, согласно правилата на УЕФА за „патот на нешампиони“ (за разлика од Шкендија, која ќе мора да игра квалификации за влез во ЛЕ).

Лигата на шампионите остана само сон и за Селтик, по поразот што шкотскиот гигант го претрпе од АЕК од 2-1. Грција има причина за радост бидејќи покрај АЕК пласман во последната квалификациска фаза обезбеди и ПАОК, по ремито од 0-0 на гостувањето против Спартак Москва (3-2 на првиот натпревар во Солун).

Се вчитува...