Николов и Емини добија друштво: Македонецот Бамијоко потпиша за Сондерјиске

Младиот македонски фудбалер, 18-годишниот Абиола Бамијоко е нов член на дански Сондерјиске. Стоперот ќе им прави друштво на Иван Николов и на Сефер Емини, кои настапуваат за оваа екипа.

Бамијоко има државјанство на Македонија, и игра за селекцијата до 19 години, за која запиша три настапи. Роден е во Хелсинки, а во минатото настапуваше за младинските категории на Хелсинки, потоа за младинците на Сампдорија, од каде игра за Хелсинки ИФК.

„Пресреќен сум. Имам шанса да бидам дел од екстра амбициозен клуб, кој што со традиција вложува во млади играчи и им дава сериозна минутажа. Убеден сум дека сум на вистинското место, и во клуб во кој што ќе можам да напредувам максимално. Голема благодарност до мојот менаџер Александар Бајевски и неговата агенција АБ9 спорт менаџмент за овој трансфер. Ветувам дека ќе работам максимално ангажирано и дека ќе се наметнам многу брзо во новиот тим, а потоа со добри игри и настапи ќе стигнам и до А репрезентацијата на Македонија“, изјави Абиола Бамијоко.

Се вчитува...