Николов и Начевски ќе го судат машкото финале на ЛОИ во Токио

Најдобриот македонски судиски пар, Ѓорѓи Николов и Славе Начевски ќе го судат финалето на машкиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Токио. И покрај тоа што во кариерата Николов и Начевски имаат свирено многу големи натпревари, мечот меѓу Данска и Франција ќе биде врв во нивната кариера бидејќи се работи за финале на Олимписки игри.

Финалниот меч на машкиот турнир е закажан за утре со почеток во 14 часот. Претходно во мечот за бронза ќе играат Шпанија и Египет.

Се вчитува...