Николов и Шериф немаа сила за нова сензација против Реал Мадрид, Милан „останува во живот“ (ВИДЕО)

Бобан Николов и неговиот Шериф Тираспол не успеаја да стигнат до нова сензација против Реал Мадрид откако загубија на домашен терен со 0-3. Стрелци на головите за „кралевите“ беа Алаба, Крос и Бензема. Николов влезе во 59. минута од натпреварот и ги одигра последните триесет минути.

Милан стигна до голема победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 0-1, со која остана во игра за второто место во групата Б во Лигата на шампионите. Стрелец за победничкиот гол за „росонерите“ беше Месиас во 87. минута.

Во вториот меч од овој сегмент Ливерпул славеше рутинска победа над Порто од 2-0.

Се вчитува...