Николов и Шериф се вистински хит во ЛШ, Дортмунд го освои Истанбул (ВИДЕО)

Молдавскиот Шериф Тираспол покажа дека не е случајност тоа што ги елиминираа Црвена Звезда и Динамо Загреб во квалификациите, откако во својот деби настап славеше над фаворизираниот Шахтјор Доњецк со 2-0.

Адама Траоре со неверојатен гол во 16. минута донесе водство од 1-0, додека конечните 2-0 ги постави Јансане 62. минута. Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе во 86. минута.

Борусија Дортмунд славеше на гостувањето кај Бешикташт со 1-2. Стрелци на головите за „милионерите“ беа Џад Белингам и Ерлинг Халанд, додека за турскиот шампион во листата на стрелци се запиша Франциско Монтеро.

 

Се вчитува...