Николов и Трајковски се приклучија на националниот тим

Фудбалската репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за двата квалификациски натпревари против Полска и против Австрија, на националната арена „Тодор Проески“. Селекцијата на Игор Ангеловски полека се комплетира, а денеска во работата се приклучија и фудбалерите на МОЛ Види, Бобан Николов, и на Палермо, Александар Трајковски.

Прелиминарниот тек од подготовките е добредојден за фудбалерите на кои веќе им завршија обврските во националните првенства. Официјалниот старт на подготовките и комплетирањето треба да биде на 3. јуни.

Фаворитите во групата, селекциите на Полска и на Австрија, ќе гостуваат на нашиот најголем стадион на 7. и на 10.јуни.

 

Се вчитува...