Николов и Жута ќе играат бараж за пласман во Серија А

Во Италија денес беа одиграни натпреварите од последното коло во Серија Б, а промоцијата во повисок ранг директно ја добија екипите на Емполи и Салернитана. Тимот на Лече, во кој играат македонските репрезентативци Бобан Николов и Леонард Жута загуби на гостински терен, па ќе бара последна шанса за пласман во Серија А преку бараж натпревар.

Емполи славеше против Лече 2-1, иако натпреварот не започна добро за него. Во 24-та минута гостите поведоа со голот на Родригез, а домаќините чекаа во 51. минута за да го израмнат резултатот, кога погоди Ла Мантија. Матос стави точка на конечниот резултат во 68-та минута.

Претходно, пласманот го обезбеди тимот на Салернитана, кој се враќа во Серија по цели 22 години.

Екипите на Монца и Лече ќе играат во полуфиналето од плејофот, па од овој меч ќе се добие и псоледниот патник во Серија А. За потсетување, тимот на Монца го раководи познатото дуо од Милано, Силвио Берлускони и Адриано Галијани, а во нивниот тим следната сезона ќе гледаме уште еден македонец, откако во италијанскиот шампионоат се одлучи да заигра и Лука Станковски.

Резултати од другите натпревари:

Киево – Асколи 3: 0

Цитадела – Венеција 1: 1

Виченца – Реџина 2: 1

Пескара – Салернитана 0: 3

Пиза – Ентела 3: 2

Порденонен – ​​Козенца 2: 0

Реџина – Фросиноне 0: 4

СПАЛ – Кремонезе 1: 0

Се вчитува...