Николов ја запечати победата на Мол Фехервар…, автогол на Кире Ристевски (ВИДЕО)

Пред утрешното доаѓање во Скопје на репрезентативниот собир во пресрет на плеј-оф баражот против Косови, Бобан Николов и Висар Муслиу со МОЛ Фехервар славеа убедлива победа од 5-1 против Ујпешт на Кире Ристевски во македонската пресметка во Првата лига на Унгарија.

Николов беше стрелец на еден од погодоците за Мол Фехервар, погодувајќи во 69. минута…

Гол запиша и Кире Ристевски, но во сопствената мрежа во 88. минута кога по еден удар на Николиќ топката од неговите нозе заврши во мрежата на гостите.


По овој триумф, МОЛ Фехервар се зацврсти на првото место на табелата во унгарскиот шампионат со 11 бодови.

Се вчитува...