Николов: Најдобро затворање на сезоната, го заслуживме трофејот од Купот

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов не го криеше задоволството од освојувањето на Купот на Унгарија.

Мол Види стигна до трофејот во Купот со победата во финалето од 2-1 против Хонвед, во натпревар во кој сите 90 минути ги одигра и Бобан Николов.

„На најдобар можен начин ја затворивме сезоната. Секако пресреќни сме што донесовме трофеј, па сега ни останува што подобро да се подготвиме за настапите на европската сцена. Со играта во финалето покажавме дека го заслужуваме овој трофеј, покажувајќи и карактер за да се вратиме од негативата. Ова е титула за сите наши навивачи“ – истакна Николов по синоќешното славје со својот тим.

Се вчитува...