Николов: Не се плашиме од никого, зависиме самите од себе

Фудбалската репрезентација на Македонија официјално ги почна подготовките за квалификациските натпревари за ЕУРО 2020. против Полска и Австрија кои ќе се играат на 7. и 10. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Фудбалерот на унагрскиот МОЛ Види, Бобан Николов вели дека тие зависат самите од себе и дека не треба да чекаат противникот да има лош натпревар, туку тие да одиграат најдобро што можат.

„Селекторот многупати ни има кажано дека не е важно против кого играме, туку за што играме и како ќе одиграме. Ако излеземе на терен и одиграме како што знаеме и умееме, ако ги исполниме сите задачи, мислам дека никој и никое име не може да не исплаши. Ние сами од себе зависиме. Не чекаме дека противникот ќе има лош ден, туку зависиме од тоа како ние ќе одиграме. Се е до нас“, вели Николов. 

Македонија се наоѓа на делба на втората позиција во Г групата заедно со репрезентацијата на Израел со која имаат по четири бода. На врвот е првиот противник во овој дел од квалификациите, Полска со максимален учинок од две победи.

Се вчитува...