Николов: Ние сами си се победивме

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Макеоднија играше борбено, но, сепак, Полска ги имаше искуството и квалитетот на своја страна. И тоа на крајот беше пресудно, вели Бобан Николов, додавајќи „ние сами се победивме“.

„Мислам дека сами се победивме. Игравме максимално борбено, но пресуди искуството на Полска. Ми се чини дека ако бевме позрели ние, ќе извлечевме подобар резултат. Но, главата горе мора да одиграме квалитетно со Австрија и со Израел, и паметно да се насочиме кон Лигата на нации следната година“, изјави Бобан Николов по поразот од Полска.

Се вчитува...