Николов: Од грешка на Левандовски ни дадоа гол, ние не заслуживме пораз

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби минимално (0-1) во Скопје од првиот фаворит во групата, селекцијата на Полска. Од единствениот шут кон голот, Полјаците постигнаа победнички погодок.

Играчот за врска Бобан Николов вели дека Македонија не заслужи да загуби.

„Разочарани сме. Левандовски направи грешка и ја промаши топката, а на Пјонтек му се брои гол. Топката, за жал, заврши во нашата мрежа. И вака е навистина потешко, барем да не надиграа Полјаците…Не заслуживме пораз. Но, сега мора да мислиме на Австрија, да се обидеме да победиме и да го заборавиме овој пораз“, изјави Бобан Николов.

Австрија е следниот предизвик веќе в понеделник, повторно на „Тодор Проески арена“.

Се вчитува...