Николов: Размислуваме само на триумф против Ерменија

Фудбалерот од средниот ред на унгарски Мол Види, Бобан Николов категорично нагласува дека македонската репрезентација не размислува на ништо друго освен на победа против Ерменија на стартот од новата сезона во Ц лигата од Лигата на нации.

„Имаме доволно период да се подготвиме до натпреварот со Ерменија во сабота во Скопје. Во овој момент сме концентрирани единствено на Ерменците. Секако, размислуваме само на победа иако факт е дека тоа ќе мора да го покажеме на терен“ – вели Николов.

Се вчитува...