Николов: Секогаш се радувам кога сум во дресот на Македонија

Македонската сениоркса репрезентација ќе доживее ново подмладување за престојните натпревари против Естонија и Италија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првнество во 2022 година. Еден од носителите на играта во „балонот“ во Талин ќе биде Кристијан Николов, играчот на МЗТ Скопје кој во претходниот квалификациски циклус доби шанса само на дуелот со Русија.

„Ова за мене е чест, да се биде дел од националниот тим на Македонија е чест. Пред сè, секогаш се радувам кога сум во дресот на Македонија. Во овој циклус одиме подмладени. Има некои нови дечки, таленти, ќе дадеме се од себе. Немаме никаков притисок, одиме со бистри глави и знам дека ќе излеземе на теренот со желба за најпозитивен резултат. Ќе се бориме на секој дел од теренот, и верувам дека ќе го оствариме она за кое сме тука“– изјави Николов.

Нашата репрезентација овие квалификации ги започна со два порази од Естонија на домашен терен и од Русија на гостувањето во Перм, па доколку сакаме да останеме во игра за пласман на Европското првенство потребни ни се победи во следните два натпревара.

„Секако во Талин одиме на победи. И против Естонија и против Италија, тоа е наша цел, тоа е репрезентација на Македонија. Ќе дадеме се од себе за да успееме, верувам во тоа, зошто да не?“ – додаде 24 годишниот бек.

Се вчитува...