Македонскиот репрезентативец Бобан Николов со екипата на Шериф Тираспол и официјална ја осигураа шампионската титула во Молдавија, откако денеска со 0-3 славеа на гостувањето против Динамо Авто.
Па, на две кола до крајот Шериф има недостижна предност на врвот во однос на второпласираниот Петрокуб.
За Николов ова е четврта шампионска титула во кариерата, по две со Вардар во Македонија, и една круна со Мол Фехервар во Унгарија.
За македонскиот репрезентативец, сепак, ова ќе биде единствена сезона во молдавскиот шампионат. Според најавите се очекува на крајот од сезоната да го напушти клубот во желбата за нов предизвик пред себе во посилен шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА