Николов со Видеотон непоразен во Разград

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов со својот клуб Видеотон остана непоразен на гостувањето во Разград против Лудогорец, во првиот меч од втората рунда во квалификациите за Лигата на шампионите. Унгарскиот тим одолеа на нападите на Лудогорец и одигра меч без голови, па сега ќе има убава шанса во реваншот во Унгарија да го елиминира бугарскиот претставник.

Николов беше стартер во составот на Видеотон и настапи до 71.минута, кога на негово место во игра влезе српскиот интернационалец Данко Лазовиќ.

Уште два меча од 19 часот завршија без голови. Бате Борисов не успеа да оствари предност против Хелсинки, а и Кукеши против Карабах одигра 0-0.

Се вчитува...