Николов: Вардар веќе не смее да си дозволи нови грешки…

По неделниот пораз на гостувањето против Победа во Прилеп, за „вардарци“ нема друго освен атак на три бода во градската пресметка против Работнички утре од 14:30 часот на националната арена „Филип Втори“.

„Вардарци“ веруваат дека може да се вратат на победничките патеки…

„Пред нас имаме дерби и не смееме веќе да си дозволиме грешка. Одиме како и на секој натпревар да ги освоиме бодовите од овој дуел и да победиме. Го загубивме натпреварот со Победа, но имаме шанса веќе утре да се вратиме на победничките патеки. Треба на секој натпревар да размислуваме на три бода. Верувам дека ќе успееме да ги освоиме бодовите, и така најбрзо да го заборавиме натпреварот со Победа. Треба сите да дадеме максимум. Ова е дерби во кое се е можно. Имаме желба и мотиви да дојдеме до триумф на овој натпревар, и да почнеме една нова победничка низа во првенството“ – вели Николов во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

Се вчитува...