Николов: Време е за нов предизвик, Шериф е идеален клуб за тоа

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов ја продолжува својата кариера во еден од најдобрите клубови од Источна Европа, молдавскиот Шериф Тираспол.

Повеќе од сериозен предизвик за Николов кој продолжува во клубот кој е пред портите од групите во Лигата на шампионите.

„Време е за нов предизвик. Шериф е идеален клуб за тоа, со тим кој е сериозно амбициозен и во европски рамки“ – истакна Николов на промоцијата во новиот дрес.

Николов, кој потекнува од школата на штипска Брегалница, претходно во својата кариера фудбалски се промовираше во романската Академија Хаџи, а има настапувано и за Виторул, Мол Фехервар, Вардар и Лече.

Се вчитува...