Николов: За Македонија ако треба и голман ќе бидам!

Бобан Николов одигра извонреден натпревар против Словенците и покрај новата улога која ја доби од селекторот Игор Ангеловски.

Членот на унгарски Мол Види, поради долгото отсуство на Стефан Ристовски од терените и неговата улога како стопер, доби задача од Ангеловски да ја покрива десната бековска позиција. И ја исполни беспрекорно… Веднаш по мечот во изјава за ЕКИПА, Николов потенцира дека за Македонија ако треба ќе застане и на голманската позиција…

„Искрено, за Македонија ако треба и голман ќе бидам. Не ми е важно која улога ќе ја имам на терен, селекторот се одлучи јас да бидам овој пат по десната страна поради досегашната повреда на Стефан Ристовски и мислам дека ја оправдав довербата, и јас и сите во тимот кои силно се боревме на терен. Мислам дека покажавме како се игра со срце за оваа држава, покажавме дека имаме квалитет и ги исполнивме сите оние најави уште пред натпреварот“ – ни изјави Николов, кој дополни дека сега следи само мал одмор и веќе од утре сите мисли се насочуваат кон натпреварот со Полска кој не чека в недела, 13. октомври, во Варшава.

Се вчитува...