Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски продолжува со своите неверојатни партии во дресот на шкотскиот великан Абердин. Откако го матираше и Селтик, тој ја продолжи својата одлична форма и на денешниот меч против шкотскиот нисколигаш Бонириг Роус во Националниот куп на оваа земја. Македонецот за само осум минути во период од 17. до 25. минута постигна два гола кои на крајот беа доволни за триумф од 2-0 и четвртфинале во шкотскиот куп.
Новиот тренер на Абердин, легендарниот Нил Ворнок имаше само зборови за пофалба за Македонецот по мечот.
„Што можете да кажете за него? Верувале или не, му реков да даде неколку гола и да излезе на полувреме, или ако сака може да одигра уште 15 минути да постигне три гола. Си намигнавме кога ги постигна головите и решивме дека е доволно. Тој е врвен напаѓач. Во кариерата секогаш сум имал проблеми со напаѓачи. Имав добри голмани, одбранбени и играчи од средниот ред, но никогаш вистински напаѓач. Иронично е да во оваа фаза од мојата кариера, јас го добив најдобриот напаѓач некогаш што сум го имал“, изјави Ворнок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА