Нилтон Мело: Вардар не се одбива, бев шокиран кога разбрав за интересот на таков клуб!

Вардар 1961 за новата сезона во најсилната македонска лига ќе се засили со талентираниот португалски ракометар, Нилтон Мело.

Мело, кој игра на бековската позиција, вели дека безмалку бил шокиран кога разбрал за интересот на Вардар.

„Имав некои понуди од Шпанија, но кога разбрав за интересот на Вардар, знаев дека едноставно не можам да го одбијам. Искрено, бев изненаден што голем клуб како Вардар со традиција и историја ме побара. Јас бев одлучен да најдам проект кој ќе ми дозволи да бидам професионалец и шанса за напредок, и ете се појави Вардар“ – вели Мело во изјава за португалските медиуми.

Мело е поранешен младински репрезентативец на Португалија, кој минатата сезона ја одигра за Виторија Сетубал и тоа како позајмен играч од Спортинг Лисабон. Вардар досега како нови засилувања ги потврди бекот Стефан Петриќ од Партизан и крилото Марко Срдановиќ од Металопластика.

Се вчитува...