Нишикори го освои првиот сет, па го налути Србинот – Ѓоковиќ оди во осминафинале!

Новак Ѓоковиќ вечерва не беше во целост на висина на задачата, но сепак беше подобар од Кеи Нишикори, во одредени моменти успеа да ја подигне формата и дека може да стигне до најдобрите поени во самата завршница од натпреварувањето. Србинот дојде до победа од 3-1 (6:7), (6: 3), (6: 3) и (6: 2), а мечот траеше 3 часа и 32 минути.

Кеи Нишикори беше квалитетен ривал, го освои првиот сет по многу пресврти, но потоа го изгуби ритамот откако Новак го покачи нивото.

Новак стигна до брејк минус во првиот сет и поведе со 5-4, но не успеа да го загрози Јапонецот, кој брилијантно се избори со притисокот и ги освои сите поени на негов сервис во тај-брејк, успевајќи да дојде до 1-0 во сетови. Во продолжение, се појави нов и различен Новак, ја искористи третата брејк топка во вториот сет, а потоа спаси дури пет за големо водство од 3-1. До крајот од овој сет Србинот немаше воопшто проблем, па успеа да израмни на 1-1.

Новак повторно имаше брејк предност во третиот сет, но и нов пад во играта кога Нишикори успеа да се врати од „мртвите“, но само за кратко. Од 40-0 за Новак, Нишикори се врати во мечот по освоениот брејк, сепак, Новак го реши прашањето за победникот од третиот сет во следниот гем.

Во четвртиот сет Новак настапи рутински, па Ѓоковиќ го крена квалитетот на игра и со брз брејк го откажа Нишикори, па до крајот успеа брзо и лесно да дојде до освојвуање и на последниот сет што значеше и негова голема победа. Бруксби или Карачев ќе биде противник на Новак во осминафиналето на УС Опен.

Се вчитува...