Нишикори: Жал ми е за Ѓоковиќ…

Кеи Нишикори посочи дека бил убеден дека Новак Ѓоковиќ сигурно ќе го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, па со огромно изненадување го дочекал поразо на Србинот во полуфиналето од Зверев.

Српскиот ас го победи Нишикори во четвртфиналето, но изгуби од Александар Зверев, подоцнежниот шампион, во полуфиналето.

„Искрено, се тргна кон тоа Новак да го освои златото. Сепак, не знам што му се случи на средината на вториот сет, кога имаше сет предност и водство од 3-2 со брејк. Зверев успеа да го совлада и логично беше подоцна да го земе најсјајниот медал“, рече Нишикори.

Јапонецот, кој го постигна најголемиот успех во кариерата преку Ѓоковиќ кога го совлада во полуфиналето на УС Опен во 2014 година, смета дека Новак заслужил медал во Токио.

„Жал ми е за оковиќ. Поради се што направи оваа сезона, Ноле апсолутно требаше да застане на подиумот“, рече Нишикори.

Се вчитува...