Ништо не е случајно – Трајковски четврти пат стрелаше на идентичен начин (ВИДЕО)

Херојот на македонската фудбалска репрезнтација Александар Трајковски вчера од 25 метри погоди во мрежата на Донарума. Со „топовски“ удар едноставно ја испрати топката онаму каде што еден од најскапите голмани во историјата не можеше да одбрани за голема радост на Македонија и очај на Италија.

Ако мислевте дека голот на Трајковски е случаен, тогаш погледнете го видеото подоле. Вчерашниот гол беше четврти идентичен на нашиот репрезентативец. Три исти такви постигна во дресот на Палермо претходно. Но, Италијаните како тоа да не го виделе иако живееме во ера на модерна технологија. Очигледно не се потпирале многу на минатото и на играта на македонските репрезентативци.

Тоа е доказ дека ништо не е случајно, па ниту голот на Трајковски против Италија. Тој давал вакви голови и претходно, само што Италијанците тоа требаше подобро да го анализираат затоа што головите се токму на терените ширум таа земја.

Погледнете ги сите идентични голови од иста позиција на Трајковски.

Се вчитува...