Ништо нема да биде исто како порано: ФИФА ја потврди револуционерната промена на Мундијалот во Катар!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека „полуавтоматските“ офсајди ќе бидат активни за време на натпреварите на Светското првенство во Катар на крајот од оваа година.

Ова подразбира дека одлуките за недозволена поиција ќе се носат побрзо и поефикасно, односно попрецизно отколку што беше случајот претходно.

Одлуките сепак ќе бидат на судиите, но сега се оди чекор понатаму по успешната примена на ВАР системот во претходните пет години. „Полуавтоматската“ офсајд технологија користи 12 специјални камери поставени под покривот на стадионот кои ќе го следат движењето на топката.

Во исто време, ќе се следат 29 точки на податоци за секој играч, 50 пати во секунда, со што се пресметува неговата точна позиција на теренот. Тие 29 точки ги вклучуваат сите зглобови, екстремитети и други работи неопходни за препознавање на офсајд.

Самата топка со која ќе се играат натпреварите на Мундијалот во себе ќе имаат технолошки елементи кои ќе бидат важни во моментите кога ќе се гледаат тие тесни офсајд ситуации. Таканаречениот „IMU“ сензор ќе се наоѓа во топката. Таквиот сензор испраќа податоци до операционата сала 500 пати во секунда и овозможува прецизно мерење на положбата на ударот или допирот.

Оваа технологија е веќе тестирана на ФИФА Арапскиот куп и на Светското клупско првенство на ФИФА минатата година, а сега дополнително ќе се тестира за да биде подготвена за нејзината премиера на Светското првенство во Катар.

За потсетувљње, Светското првенство во Катар ќе започне на 21 ноември.

Се вчитува...