Во дербито на 33. коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Сити го победи Арсенал со 2-1, комплицирајќи ја борбата за шампионската титула колку што е можно повеќе.
Арсенал имаше можност да направи голем чекор кон својата прва титула од 2004 година, но славјето на Сити ги закомпликува работите. Сепак, победата на Сити беше засенета од повреда на еден од клучните играчи на „граѓаните“.
Шпанскиот репрезентативец Родри се повреди на дербито и го напушти натпреварот во 88. минута. Манчестер Сити сега чека дополнителни тестови кои треба да покажат колку е сериозна повредата и колку долго Родри би можел да биде отсутен од теренот.
„Не знам колку долго ќе отсуствува Родри. Докторот рече дека станува збор за проблем со препоните, но ќе знаеме повеќе по прегледот“, коментираше Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

