Ништо ново во Гевгелија: Блокотехна повторно го преслуша Кожув

Блокотехна направи уште еден гол чекор кон обезбедување на место во плеј-офот откако тимот на Марјан Илиевски славеше во градското дерби против Кожув со резултат 87-78. Од самото формирање на Блокотехна, овој клуб нема загубено натпревар од градскиот ривал, па така и петтиот овосезонски дуел меѓу двете екипи заврши со триумф на овој клуб.

Уште на самиот почеток стана јасно како ќе се одвиваат работите на оваа средба, откако Блоко за неполни пет минути стигна до двоцифрена предност од 12-2. Првата четвртина заврши со 24-13, а Кожув беше подобар само во вториот период, што тимот на Алек Јончевски го доби со 17-21. Второто полувреме почна со одлична игра на Фундербурк, кој ја врати двоцифрената предност на Блокотехна, по што новиот првак на БИБЛ знаеше како да ја задржи позитивата до самиот крај и конечните 87-78.

Фундербурк беше прв стрелец на Блокотехна со 24 поени, Пен реализираше 19 поени, а Младеновиќ го заврши мечот со 12 поени, седум асистенции и две украдени топки. Во редовите на Кожув најефикасни беа Кесар со 18 и Пејн со 17 поени.

Се вчитува...