Ништо ново во Париз: ПСЖ ќе игра, Нејмар ќе гледа од трибини

Нејмар се обидува да ги смири страстите со раководството на ПСЖ откако му стана јасно дека Барса нема да испрати мегапонуда за негов ангажман, но „светците“ дефинитивно имаат решено Бразилецот да не игра за овој клуб додека трае преодниот рок.

Токму затоа, бразилскиот голгетер не се најде на списокот на фудбалери ниту за вечерашниот дуел со Тулуз на „Паркот на принцовите“. Тој тренираше со остатокот од тимот и е подготвен за камбек по негодната повреда, но тренерот Тухел го почитува ставот на управата, Нејмар да не се врати на теренот додека целосно не биде разјаснет неговиот статус – дали ќе остане или ќе си замине.

Тоа може скапо да го чини самиот тренер, кој во случај на неуспех на вечерашниот дуел би можел да добие отказ, откако доби ултиматум по минатонеделниот пораз од Рен.

Се вчитува...