Ништо ново во ПСЖ: Серхио Рамос пропушта уште едно дерби

Серхио Рамос не може да крене глава од проблеми со повредите, откако шпанскиот ас повторно се оддалечи од терените по само еден одигран меч за ПСЖ.

„Светците“ се надеваа дека Рамос ќе може да се рехабилитира навреме за утрешното дерби против Монако, но шпанскиот ветеран ниту денеска не тренираше, по што екс-капитенот на Реал Мадрид отпадна од комбинација за пресметката со „кнезовите“.

Лекарскиот тим на ПСЖ информираше дека Рамос ќе продолжи со индивидуални тренинзи во наредните денови, „светците“ најавуваат дека Шпанецот ќе се приклучи на остатокот од тимот во текот на следната седмица, но истото беше најавувано и во претходните денови, па тој оттогаш пропушти уште две средби на својот тим.

Се вчитува...