Сплитски Хајдук никако не успева да дојде до посакуваната титула во хрватскиот шампионат. Навивачите долго време чекаат трофеј, а во изминатите години многу тренери минаа низ „Пољуд“, но без успех.
Хајдук речиси секоја сезона менува тренер, некогаш и по два, три, а се чини дека така ќе биде и оваа сезона. После поразот од Ријека со 5-0, и после ремито со Вараждин на домашен терен 1-1, сплитските „бели“ веќе размислуваат за тренерска смена на Гонзало Гарсија.
Дека Гарсија ја губи соблекувалната, покажува фактот дека Ливаја одбил да влезе во игра против Ријека, а исто така се тврди дека и вчера против Вараждин, Анте Ребиќ бил многу незадоволен откако тренерот решил да го замени, а тој лут нешто му приговори на тренерот.
Веќе идното коло Хајдук го чека гостување во Загреб кај Динамо, а евентуален пораз би можел да биде клучен во смената на клупата на „Пољуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

