Ништо од Чурлинов – Шалке има „план Б“

Шалке е подготвен да ги прекине преговорите со Штутгарт околу трансферот на Дарко Чурлинов, откако двата клуба речиси цел месец немаат напредок во разговорите околу камбекот на македонскиот репрезентативец во тимот од Гелзенкирхен.

Штутгарт инсистираше на отштета од три милиони евра, или доколку стане збор за позајмица, во неа да има клаузула за задолжителен откуп на крајот од оваа  сезона. Челниците на Шалке одбиваа ваква опција и бараа нова едногодишна позајмица во која би платиле минимална отштета и би ја покриле платата на Чурлинов.

Според последните информации од Германија, „сино-белите“ се песимисти околу шансите за враќањето на Чурлинов, па веќе разгледуваат и други опции. Така, на врвот на листата со желби на Шалке сега се наоѓа Абдала Сима, 21-годишниот крилен офанзивец од премиерлигашот Брајтон. Тој не се снајде најдобро во овој тим и е достапен на позајмица, а во Шалке се оптимисти дека ќе успеат да го ангажираат во наредните десетина дена, како би ги минал подготовките за новата сезона со новите соиграчи.

Се вчитува...