Френки де Јонг веројатно нема да го засили Манчестер Јунајтед. Барселона и фудбалерот не попуштаат во преговорите, па така тимот од „Олд Трафорд“ ќе мора да се сврти кон нов фудбалер.
Веќе се споменува играчот на ПСЖ Леандро Паредес, кој е најнова „мета“ за тренерот Ерик Тен Хаг. Паредес не добива шанса во ПСЖ колку што посакува, а со оглед на големата конкуренција, нема да биде чудо доколку биде ставен на трансфер листа.
Јунајтед досега го ангажираше само Масиел од Феенорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА